Inspiring  Women  Families  and  Communities

Информации за негувателите

Негувателите им пружаат неплатена нега и поддршка на членови на семејството или на пријатели што боледуваат од хронична или акутна болест, душевна болест, онеспособеност, или кои се изнемоштени од старост. Во Исшар сме свесни дека пружањето на нега, поддршка и љубов е главната одговорност на негувателот и дека грижата за саканите лица е телесно и душевно многу напорна. Ние исто така сме свесни дека преселувањето во нова земја значи приспособување кон нов начин на живот, а често и губење на општествената и семејната поддршка. Во вашата родна земја ќе ви помагале пријателите или роднините за да се грижите за оние што ги сакате, овде во Перт можете да побарате помош од разни агенции и даватели на услуги. Ако имате тешкотии да се справите со вашиот секојдневен живот, дискриминацијата, друштвената осаменост, невработеноста, сиромаштијата, немањето на живеалиште, со душевните проблеми како што се напнатоста, вознемиреноста, потиштеноста, гневот, нискиот степен на самопочит или телесната исцрпеност, немојте да страдате молчејќи. Може да добиете помош.  Покрај пристапот до соодветни служби што постојат за да ви помогнат во вашата улога на негувател, од основна важност за вас е да се привикнете на здрав начин на живот што ќе ве одржи во текот на напорните времиња и да постигнете најдобри можни резултати и исходи

МУЛТИКУЛТУРЕН ЦЕНТАР ЗА ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ ИСШАР МУЛТИКУЛТУРНА ПОДДРШКА И РАЗВИВАЊЕ НА ВЕШТИНИ И СПОСОБНОСТИ ЗА НЕГУВАТЕЛИТЕ.

СЛУЖБА ЗА ЦЕЛИОТ ГРАД За ДУШЕВНИТЕ, ДРУШТВЕНИТЕ, ВЕРСКИТЕ И ЈАЗИЧНИТЕ ПОТРЕБИ НА НЕГУВАТЕЛИТЕ ОД СИТЕ КУЛТУРИ СОВЕТОДАВНИ СЛУЖБИ ФИЗИОТЕРАПИЈА.

ПОВЕЌЕЈАЗИЧНИ ЗДРАВСТВЕНИ ИНФОРМАЦИИ КЛИНИЧКИ УСЛУГИ           ПОУЧУВАЊЕ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЗДРАВЈЕТО СРЕДБИ ПОСВЕТЕНИ НА ГРИЖАТА ЗА СЕБЕ И ЗАДОВОЛУВАЊЕТО НА СОПСТВЕНИТЕ ПОТРЕБИ ЧАСОВИ ЗА ВЕЖБИ И ТЕЛЕСНИ АКТИВНОСТИ МУЛТИКУЛТУРНИ ГРУПИ ЗА ПОДДРШКА

УМЕТНОСТИ/РАКОТВОРБИ И АКТИВНОСТИ ВО СЛОБОДНОТО ВРЕМЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА ДОДАТОЦИ ОД CENTRELINK, СМЕСТУВАЊЕ ВО ИТНИ СЛУЧАИ, ЗАКОНСКИ ПРАВА, СЛУЖБИ ЗА НАСЕЛУВАЊЕ. МОЖЕ ДА СЕ ДОБИЕ БЕСПЛАТЕН ПРЕВЕДУВАЧ ЛОКАЦИИ МИРАБУКА MAДДIИГTOН MИДЛAНД ЗА ДА ЗБОРУВАТЕ СО РАБОТНИК ЗА ПОДДРШКА НА НЕГУВАТЕЛИТЕ ВЕ МОЛИМЕ ТЕЛЕФОНИРАЈТЕ НА 93455335.


Twitter FaceBook RSS RSS